САД сакаат компромисно решение во дијалогот меѓу Белград и Приштина. Вашингтон нема намера да врши притисок врз двете страни.
Тоа го нагласил високиот претставник на американскиот Стејт департмент Метју Палмер во видео-разговор со претседателот на српскиот парламент Ивица Дачиќ.
Палмер, заменик помошник државен секретар на САД и специјален претставник на Стејт департментот за Западен Балкан, го информирал Дачиќ за средбите што ги имал вчера со косовските власти, соопшти кабинетот на претседателот на српскиот Парламент.
Американскиот официјален претставник наведе дека Вашингтон му дава целосна поддршка на специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и на неговите активности, се наведува во соопштението.