Охриѓанецот, за кој вчера објавивме дека во полицијата бил пријавен за киднапиран, сам ја испратил пораката и барал пари за да биде „ослободен“.
Тој беше пронајден вчера, а наводното киднапирање било во четвртокот (16 април).
„Тој на 16 април во 13 часот на мобилниот број од неговиот брат, испратил порака дека е киднапиран од непознати лица, кои барале пари за негово ослободување. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе кривична пријава за лажно пријавување на кривично дело“,
соопштија од полицијата.
Во полицијата, пак, настанот од беше пријавен дека наводното киднапирање се случило во охридската населба Рача од страна на непознати лица со автомобил „фолсваген голф“.
*Поврзани вести: