Охридската полиција го пронајде лицето Б.П. (33) кој беше пријавен дека е киднапиран.
„Во моментов полицијата ги разгледува сите аспекти на случајот, односно дали се работи за посоченото кривично дело или за друго. Случајот се расчистува и ќе следат соодветни поднесоци“,
информираше за „360 Степени“ портпаролтот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Како што објавивме претходно, дваесет и деветгодишниот И.П. во текот на вчерашниот ден околу 13 часот пријавил дека непознати лица со патничко возило „фолксваген голф“ го грабнале неговиот брат Б.П. (33) од населба Рача во Охрид.
Притоа, И.П. рекол дека добил порака да даде пари за да биде пуштен брат му.