Секторот за внатрешни работи од Струмица, во врска со орото кое на 19 месецов се играше на улица во Гевгелија додека траеше велигденскиот полициски час, соопшти дека се идентификувани уште 11 лица покрај досега идентификуваните 23 лица.
Со новите идентификувани лица денеска ќе се изврши разговор и ќе се продолжи со идентификација на други лица.
По целосно документирање на настанот, против сите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни казнени пријави.