Министерството за внатрешни работи информира дека постапува по случајот во Гевгелија, каде што за време на велигденскиот полициски час група граѓани играа оро на улица.
„МВР постапува во врска со овој случај и во координација со јавното обвинителство ќе бидат санкционирани сите што ја прекршиле забраната за движење. Се преземаат соодветни мерки и активности и сите што ги кршат законите ќе бидат соодветно санкционирани“,
велат од МВР.
Снимката од велигденското оро се прошири на социјалните мрежи. Дел од медиумите јавија и дека најмалку едно лице веќе било приведено во полиција.
Гевгелија денес 🤦♂️ pic.twitter.com/pdzBmDX4zz
— Мапко (@mapkoman) April 19, 2020