Од шестмината предлог-кандидати за уставни судии кои се предлог на опозицијата, досега, покрај кандидатурите на Димоски, Витларов, Секуловски и Јовановска, одбиена е и кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска. Собраниската Комисија останува да се произнесе уште за последниот предлог за уставен судија од опозицијата, пензионираниот професор Саво Климовски
Воислав Димоски е третиот кандидат за предлог-уставен судија предложен од опозицијата кој денеска не доби поддршка од собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата да биде судија во Уставниот суд.
Комисијата попладнево не го утврди предлогот за Воислав Димоски, доскорешен јавен обвинител од ОЈО Охрид да биде избран за уставен судија.
Претходно денеска, во Комисиајта не беа поддржани ниту кандидатурите на судијата во пензија, Бранко Секуловски и судијката од Управниот суд, Весна Јовановска – и двајцата предложени од опозицијата.
Денеска и предлог-кандидатот за уставен судија Тодор Витларов, предложен од ВМРО-ДПМНЕ, не ја доби поддршката од собраниската Комисија да биде судија во Уставниот суд.
Од шестмината предлог-кандидати за уставни судии кои се предлог на опозицијата, досега, покрај кандидатурите на Димоски, Витларов, Секуловски и Јовановска, одбиена е и кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска. Собраниската Комисија останува да се произнесе уште за последниот предлог за уставен судија од опозицијата, пензионираниот професор Саво Климовски.
Два од трите предлог-кандидати предложени од власта, пак, Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева ја добија поддршката од собраниската Комисија да бидат уставни судии.