Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, во видео обраќање на Фејсбук зборуваше за случувањата на „Боемска“ во Дебар Маало од 3 јуни и праша дали со Христијан Мицкоски во забранетиот затворен дел од ресторанот седел и Ален Зеќиров и поранешен шеф на УБК.
„Во јавноста се појавуваат информации за средбата што Мицкоски ја имал во затворениот дел, а сè уште не добивме одговор на прашањето со кого седел внатре. Дали на иста маса со Мицкоски седел и Ален Зеќиров, добро познат како поранешен член на обезбедувањето на Сашо Мијалков и личност на која ѝ се судеше? Дали на истата маса седел и поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање? Што разговарале и од што се криеле среде Скопје? Ако е тоа така, јасно е зошто персоналот во ресторанот со часови не дозволувал пристап на инспекторите“,
вели Николовски во видеото.
Однесувањето на Мицкоски, вели генералниот секретар на СДСМ, не треба да му падне ни на сон на еден лидер на опозиција, а уште помалку на некој што се претставува како шпицен кандидат за премиерска позиција.
Тој го прозва и министерот Наќе Чулев и му порача да направи разлика.
„Изборот му е едноставен, сака да го следи неговиот лидер или сака да помогне и да си ја врши својата работа. Мора да има ред и тоа за сите. Работи си ја работата министре и обезбеди го редот“,
рече Николовски.
*Поврзани вести:
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Петровска ја прекрши изолацијата и направи кривично дело?
СДСМ: Ангажираноста да се прекрие Мицкоски докажува дека знаел оти не смее да седи внатре
Видео од Мицкоски како се движи пред кафеаната се појави на Фејсбук