Ако го гледате настапот на премиерот Ковачевски, ќе видите дека целиот концепт му е или-или: ние сме добри, ВМРО-ДПМНЕ се лоши; ние сме прозападни, тие се антизападни; ние сме за Македонија, тие се против Македонија. Тоа се учи во прва година политички маркетинг, но во држави кои се драматично различни од Македонија и затоа тој пи-ар не поминува, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „360 степени“
На констатацијата дека блокадата на Собранието што ја најавува неговата партија е инвестиција во поларизација, Николоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ има најголема пратеничка група, најголем број градоначалници, поддршка од, како што рече, огромното мнозинство граѓани, а со нив премиерот нема ниту основна комуникација
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, Александар Николоски, обвини дека некој лошо го тренира премиерот Димитар Ковачевски на поларизација.
„Ако го гледате настапот на премиерот Ковачевски, ќе видите дека нему целиот концепт му е или-или: ние сме добри, ВМРО-ДПМНЕ се лоши; ние сме прозападни, тие се антизападни; ние сме за Македонија, тие се против Македонија. Тоа се учи во прва година политички маркетинг, но во држави кои се драматично различни од Македонија и затоа тој пи-ар не поминува. Затоа што тоа е истиот пи-ар на Зоран Заев кој го донесе до пораз на локалните избори“,
рече Николоски.
На прашањето која е таа пи-ар школа што Николоски во гостувањето во „360 степени“ на ТВ Алсат ја спомена неколкупати, тој одговори:
„Околу 500 долари е членарина месечно и првата лекција е поларизација. Гледам дека немаат мрднато од првата лекција.“
Прашан од каде знае и дали можеби и тој го учел тоа, Николоски одговори дека не учел туку читал.
На констатацијата дека блокадата на Собранието што ја најавува неговата партија е инвестиција во поларизација, Николоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ има најголема пратеничка група, најголем број градоначалници, поддршка од, како што рече, огромното мнозинство граѓани, а со нив премиерот нема ниту основна комуникација.
„Првпат во историјата на Македонија, СДСМ и ВМРО немаат никаква комуникација ниту официјална, ниту неофицијална, ниту на лидерски средби, ниту во работни групи. Никаде буквално нема комуникација меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Во такви услови, кога државата тоне и национално и економски, а нема основна комуникација, ние немаме друг избор освен силно да притиснеме за предвремени парламентарни избори“,
рече Николоски.
*Повеќе вести од гостувањето на Николоски во „360 степени“: