Голем број од полициските службеници не се соодветно опремени и заштитени од коронавирусот, алармира Независниот синдикат на полицијата.
Оттаму апелираа донациите во МВР да се распоредат соодветно, посочувајќи дека расте бројот на заразени полициски службеници, од кои еден почина.
Од Синдикатот побараа и исплата на паушален додаток на плата за сите полицајци кои се во првата линија во борбата со коронавирусот.
„Во Албанија полицискиот службеник зема 1 000 евра паушал, во Косово 300 евра и да не ги спомнувам сите останати држави каде што полицискиот службеник зема некаков паушал. Да не испадне на грбот на маката на сите полицаецот да мора да земе паушал, туку да се направи список секој што бил директно ангажиран за справување со оваа состојба. Во правилната распределба може да учествуваме и ние како Синдикат“,
порача Гоце Делчев Тодев.