Две лица од Куманово починаа денеска од коронавирус, а информацијата ја потврди и градоначалникот Максим Димитриевски.
Тој вечерва соопшти дека од кумановскиот Центар за јавно здравје го информирале дека уште две лица починале од кои едниот е полицаец.
Според Фокус, починатиот полицаец бил припадник на граничната полиција и работел на новиот граничен премин кон Косово – Белановце.
Според неофицијални информации, тој пред десет дена се тестирал за коронавирус, а резултатите му пристигнале вчера.