Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски вечерва соопшти дека починале уште две лица во Куманово. Тој информацијата ја сподели преку вклучување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.
„За мене вечерва не е добра. Само што ми потврдија од Центарот за јавно здравје дека починаа уште двајца сограѓани“,
рече Димитриевски.
Тој додаде дека уште од 22 март бараат рестриктивни мерки во градот, а сега побара да се скратат бирократските постапки и да им се даде пошироки овластувања на општинските структури во делувањето кон спречување на коронавирусот.
Димитриевски смета дека жителите на Куманово ги почитуваат мерките и дека се дисциплинирани.
„Во рамките на 48 часа во град со 115 илјади жители да има само 15 прекршоци, тоа покажува дека се почитуваат мерките. Граѓаните се дисциплинирани, само треба да се донесат ригорозни мерки и тие ќе ги почитуваат“,
додаде тој.