Министерството за внатрешни работи информира дека до денеска се детектирани 12 вработени во МВР кои се позитивни на коронавирусот.
Оттаму додаваат дека во соработка со епидемиолози се направени интервјуа со вработените кои биле во контакт со заболените и досега има 36 лица кои се во самоизолација, а издадени се и 14 решенија за задолжителен карантин.
„МВР ја информира јавноста дека за заштита на вработените од коронавирусот се преземаат сите неопходни мерки за нивна лична заштита, со соодветна заштитна опрема, а со цел безбедно извршување на работните задачи. Изминатиов период беше извршена и дезинфекција во просториите и објектите каде што е утврдено дека престојувале вработени лица за кои е потврдено дека се позитивни на тестот за коронавирус, а тоа ќе се прави и за секој нареден случај“,
стои во соопштението на МВР.