Деветмина осомничени се уапсени откако на товарен брод од Бразил во пристаништето Мерсин била откриена дрога вредна над 26 милиони евра која била скриена заедно со опрема за нуркање
Турската полиција успешно пресече голем меѓународен синџир за шверц на дрога од Јужна Америка, откако заплени 350 килограми кокаин на товарен брод кој пристигнал во пристаништето Мерсин. Турските медиуми пишуваат дека оваа акција на полицијата претставува сериозен удар врз организираниот криминал и нелегалните транзитни рути кон земјата.

Турскиот министер за правда, Акин Ѓурлек, изјави дека борбите против нарко-мрежите ќе продолжат и рече оти нема да има толеранција за трговците со дрога, ниту пак со финансиерите и главните нарко босови. Запленетиот кокаин, според првичните информации достигнува пазарна вредност од околу 26,6 милиони евра. Уапсени се деветмина осомничени, а против нив е поведена правна постапка за кривично дело производство и трговија со опојни или стимулативни супстанции.
„Операцијата против трговците со дрога е спроведена како резултат на работата на Одделот за борба против наркотици на Полициската управа на Истанбул и Одделот за борба против наркотици и разузнавачка работа на Полициската управа на Мерсин“,
се наведува во соопштенито на турската полиција.
