Обвинителството побара, а Судот прифати определување мерка притвор од 30 дена за наставник што извршил полов напад врз ученичка во основното училиште во село Чегране, гостиварско. Инцидентот се случил пред три дена.
„Наставникот за време на паузата за одмор ја повикал деветгодишната ученичка да оди кај него во училницата, ја допирал и ја бакнувал, а направил и заедничка фотографија со девојчето. Кога девојчето излегло од училницата, осомничениот ѝ кажал дека повторно ќе ја повика“,
соопштуваат од Обвинителството.
Во тек е истражната постапка, а наставникот е осомничен за кривичното дело – полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.
Според Кривичниот законик, казната за вакво кривично дело е затвор од најмалку 12 години, или, доколку поради делото настапила телесна повреда, смрт или други тешки последици, сторителот може да добие и 15 години затвор и забрана за вршење на професијата.
