Во последните 24 часа во земјава беа регистрирани 83 нови случаи со ковид-19 од направени 539 тестирања, а најголем дел од новозаразените се забележани во Скопје – 34.
Во главниот град изминатото деноноќие се регистрирани и 52 оздравени пациенти.
По ваквиот пресек, во Скопје во моментов има 945 активни случаи. Од нив тројца се сè уште нераспределени по општини.
Аеродром е на врвот по бројот на активни случаи со 165, а по него следува Центар со 157 и Карпош со 136 случаи.
Во останатите општини состојбата е следна:
- Кисела Вода – 108
- Гази Баба – 105
- Ѓорче Петров – 70
- Чаир – 60
- Бутел – 37
- Илинден – 34
- Шуто Оризари – 17
- Сарај – 15
- Петровец – 7
- Студеничани – 6
- Чучер Сандево – 5
- Арачиново – 5
- Сопиште – 3
- Зелениково – 3
- Странци – 9