Вкупната бројка на заболени со ковид-19 во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 18 873, бројката на оздравени пациенти е 15 487, на починати е 760 лица, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 2 626
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 539 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 34, Куманово 3, Штип 6, Тетово 5, Струга 3, Велес 3, Охрид 1, Гевгелија 1, Струмица 5, Крива Паланка 1, Радовиш 1, Кочани 9, Берово 1, Валандово 5, Виница 1 и Делчево 4.
Починати се 4 лица, три пациенти од Скопје на 66, 88 и 62-годишна возраст и еден пациент од Тетово на 73-годишна возраст.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 146 оздравени пациенти од: Скопје 52, Куманово 14, Штип 7, Прилеп 5, Тетово 4, Струга 2, Велес 3, Битола 3, Охрид 1, Кавадарци 6, Гостивар 7, Гевгелија 3, Струмица 7, Крива Паланка 3, Радовиш 2, Кочани 12, Македонски Брод 1, Виница 1, Делчево 4, Свети Николе 5 и Кичево 4.
Досега во земјата се направени вкупно 195 541 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18 873, бројката на оздравени пациенти е 15 487, на починати е 760, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2 626.