Оцени дека состојбата на европските енергетски пазари е жестоко алармантна, посочувајќи на исклучени нуклеарни централи, низок водостој и ниски нивоа на гас во складиштата. Според него, цените на електричната енергија на берзите достигнуваат и над 400, односно 500 евра за мегават-час, а цената на гасот повторно надминала 90 евра за мегават-час, откако минатата недела се спуштила на околу 80 евра
Премиерот најави дека ЕСМ ќе понуди иста цена на струјата како лани, додека за парното Владата ќе се обиде да спречи значително поскапување и покрај трипати повисоката цена на гасот
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека АД ЕСМ на јавниот повик на ЕВН Хоум ќе достави понуда со иста цена на електричната енергија како минатата година, односно нема да бара поскапување на струјата.
Сепак, додаде дека не може да гарантира дека цената нема да се зголеми од страна на приватните компании кои учествуваат на пазарот.

„Ние како Влада, односно АД ЕСМ, на јавниот повик на ‘ЕВН хоум‘, ќе достави понуда што ќе биде со иста цена како минатата, значи нема да бара зголемување на цената. Така што, што се однесува до државата, ние ќе се трудиме да останеме на нула, односно да нема поскапување, но тоа не можам да го кажам за приватните субјекти, кои учествуваат со нивна суверена политика. Тука не можам да интервенирам“,
рече Мицкоски во одговор на новинарски прашања при посетата на Гази Баба.
Појасни дека Владата изготвила бизнис-модел, кој изминативе денови го разработувавала со АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, но и бизнис-план со кој нема да се бара покачување на цената на струјата.
„Производот ќе биде по иста цена, зборувам за државната компанија АД ЕСМ, а на крајот од 2027 година ќе целиме на профит што би го остварила оваа компанија. Таков е овој бизнис-модел што го креиравме и сега треба да видиме дали ќе функционира“,
вели тој.
Во однос на цената на парното греење, Мицкоски рече дека се бара значително поскапување, бидејќи цената на гасот е трипати повисока во споредба со истиот период лани. Најави дека Владата ќе се обиде да спречи алармантно зголемување на цената и да го ограничи поскапувањето во рамките на она што граѓаните можат да го издржат.
„Цената на гасот е трипати поголема од минатогодишната а истиот период. Меѓутоа, тука ќе се бориме да нема алармантно зголемување на цената, односно тоа да биде во рамките на нешто што максимум, односно минимум може да се издржи. И со тоа ќе бидеме земја во Европа со убедливо најниски цени на дизелот и безоловниот бензин, горивата, електричната енергија и затоплувањето“,
кажа премиерот.
Оцени дека состојбата на европските енергетски пазари е жестоко алармантна, посочувајќи на исклучени нуклеарни централи, низок водостој и ниски нивоа на гас во складиштата. Според него, цените на електричната енергија на берзите достигнуваат и над 400, односно 500 евра за мегават-час, а цената на гасот повторно надминала 90 евра за мегават-час, откако минатата недела се спуштила на околу 80 евра.
Растот на цените, додаде дека трае од втората половина на август и дека состојбата не се смирува, туку дополнително се влошува.
„Наш приоритет е заштита на стандардот, но ситуацијата е жестока, ситуацијата е алармантна и не знам до кога ова ќе може да се издржи“,
рече Мицкоски, додавајќи дека Владата засега успева да се справи со енергетскиот притисок преку механизмите и решенијата што ѝ стојат на располагање.
