Вкупно 721 пациент кај кои е потврден коронавирусот или се суспектни на истио се лекуваат во болничките капацитети низ земјава.
Според последните податоци на Министерството за здравство, во последново деноноќие на Инфективната клиника во Скопје се приемни нови 11 пацинети, а вкупно се лекуваат 161 пациент. На кислородна поддршка се 123 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се осум позитивни и четири суспектни деца на ковид-19 и 26 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има пет приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се двајца пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 59, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 336 позитивни и сомнителни на ковид-19.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 32 436, бројката на оздравени пациенти е 21 090, на починати е 1 004, а бројот на активни случаи изнесува 10 342.