Повторно најмногу заразени има во главниот град, од каде што се и четворица од починатите, а следни според бројката на нови случаи се Велес, па Струмица
Во последните 24 часа се направени 2449 тестирања, а регистрирани се 865 нови случаи на ковид-19 во земјава, соопшти попладнево Министерството за здравство, нарушувајќи ја динамиката што ја практикуваше во последните две седмици – да ги објавува во вечерните часови деневните биланси од епидемијата.
Повторно најмногу заразени има во главниот град, од каде што се и четворица од починатите, а следни според бројката на нови случаи се Велес, па Струмица – сепак, со значително пониска бројка од вчера, кога таму имаше 80 инфицирани:
Скопје-397,
Куманово-22,
Дебар-2,
Штип-34,
Прилеп-29,
Тетово-95,
Струга-7,
Велес-44,
Битола-31,
Охрид-21,
Кавадарци-26,
Гостивар-30,
Гевгелија-4,
Струмица-37,
Крива Паланка-5,
Радовиш-6,
Кочани-17,
Пробиштип-7,
Демир Хисар-2,
Македонски Брод-1,
Берово-4,
Виница-6,
Делчево-6,
Кратово-4,
Свети Николе-4,
Кичево-15,
Ресен-5,
Неготино-4
Починати се: четворица пациенти од Скопје (67, 58, 64 и 76г), двајца од Прилеп (70 и 73г), еден пациент од Битола (52г), еден од Охрид (77г), еден од Кочани (48г) и еден пациент од Пробиштип (76г). Сите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 359 оздравени пациенти од:
Скопје-125,
Куманово-24,
Дебар-14,
Штип-12,
Прилеп-9,
Тетово-34,
Струга-1,
Велес-4,
Битола-9,
Кавадарци-2,
Гостивар-4,
Гевгелија-7,
Струмица-30,
Крива Паланка-2,
Радовиш-4,
Кочани-32,
Пробиштип-1,
Берово-2,
Валандово-3,
Виница-5,
Делчево-24,
Свети Николе-5,
Кичево-5
Ресен-1