Сите пациенти на респиратор се во ГОБ „8 Септември“
Шестмина од заразените со ковид-19 кои се лекуваат во болница се на респиратор, според најновиот билтен на Министерството за здравство – за состојбата со епидемијата во последното деноноќие.
Сите шестмина на респиратор се во ГОБ „8 Септември“, каде што во последните 24 часа се примени тројца заразени со ковид-19, а вкупно хоспитализирани се 36 пациенти.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 70 пациенти. На кислородна поддршка се 33 пациент, нема пациенти на механичка вентилација, соопштија од Министерството за здравство.
Во болницата во Козле хоспитализирани се четири деца и три мајки, позитивни на ковид-19, како и 7 деца и 7 мајки суспектни на вирусот.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 173, позитивни и сомнителни на Ковид-19.