Во моментов вкупно 300 пациенти кои се позитивни на ковид-19 се лекуваат во болничките капацитети низ земјава.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 67 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се пет деца и три мајки позитивни на ковид-19, а едно дете и една мајка се суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се тројца пациенти, а вкупно хоспитализирани се 37 пациенти. На респиратор се пет пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 166, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Од почетокот на епидемијата во земјава се регистрирани вкупно 17 483. Од нив бројката на оздравени пациенти е 14 516, на починати е 722, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2 245.