Од скопските општини со најмногу активни случаи се општините Аеродром и Центар, по 97 односно 91 активен случај. Од почетокот на епидемијата во земјава се регистрирани вкупно 17 483.
Од нив бројката на оздравени пациенти е 14 516, на починати е 722, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2 245.
Во Скопје со повик број на активни случаи се и општини Карпош (83), Гази Баба (80), Кисела Вода (69) и Ѓорче Петров со 47.
Со значително намален број на активни случаи се Бутел со 29, Илинден со 25, Шуто Оризари со 17 и Сарај со 12.
Со едноцифрени броеви на активни случаи се општините Студеничани со осум, Петровец со седум, Арачиново и Чучер Сандево со по пет, Сопиште со три и Зелениково со два.
На територијата на Скопје се регистрирани и осуммина странци позитивни на вирусот, а еден случај е сè уште нераспределен.