„Но, на Жерновски не му е грижа, затоа што и да го казнат за непрописно застанување, автомобилот не е негов, братучедот ќе му ја плати казната“, се вели во објавата на партискиот портпарол, Валентин Манасиевски
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, преку фесбук-објава на порпаролот на партијата Валентин Манасиевски, велат дека членот на Извршниот одбор и секретар за меѓународна соработка на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ), Андреј Жерновски повторно го управувал автомобилот марка „мерцедес“, за кој претходно тврдел дека не е во негова сопственост и дека никогаш не го возел.

Манасиевски на Фејсбук објави фотографии како Жерновски влегува во автомобил марка „мерцедес“ откако претходно фрла отпад во блискиот контејнер.
„Андреј ‘НАТО‘ Жерновски во стилот на Артан ‘Лотарија‘ Груби, го вози автомобилот на ‘братучедот‘. Откако јасно кажа пред некој месец во гостување на поткаст дека во своја сопственост нема автомобил марка ‘мерцедес‘, со регистарски таблички од иста бројка, ниту, пак, дека некогаш во живтот возел ‘мерцедес‘, во сопственост на негов братучед, повтроно со свои очи го видов неуспешниот амбасадор Жерновски како го управува ‘мерцедесот‘“,
пишува Манасиевски на Фејсбук.
Дополнително, тој објави фотографија на која се гледа како Жерновски непрописно го паркирал автомобилот додека фрлал отпад во блискиот контејнер.
„Но, на Жерновски не му е грижа, затоа што и да го казнат за непрописно застанување, автомобилот не е негов, братучедот ќе му ја плати казната“,
се додава во објавата на партискиот портпарол.

