На Одделот за педијатрија на Детската клиника во Скопје нема нови позитивни случаи на коронавирус, освен еден лаборант, медицинска сестра и докторка од Одделот за имунологија.
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека претпоставен контакт е мајка на дете кое требало да прими терапија на хематологија. Мајката е во домашни услови без симптоми, додека на Клиниката е спроведена дезинфекција и чистење.
Направени се анкети и во врска со контактите, сите тестови се негативни, а работата на Клиниката е организирана во тимови, при што сите одделенија работат нормално.
*Поврзани вести
Детска клиника: Децата и родителите на онколошкиот оддел се негативни на коронавирус
Медицинска сестра од Детска клиника заболена со ковид-19
Лаборант на Детската клиника заболен од ковид-19, четири негови колеги одат во изолација