Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека не разбира зошто во време на пандемија, кога власта треба да се справува со пандемијата од коронавирус, е донесена уредна со законска сила со која се на банкнотите се додава зборот „Северна“.
„Има многу спорни уредби со сила на закон кои се носат во оваа состојба. Една од тие е и оваа. Наместо да се занимаваме со она што е најважно, справување со пандемијата и борбата за животите на нашите граѓани, ние се занимаваме со споредни работи кои никој од нас не ги бара. Дури и да го читаме оној договор кој беше потпишан, оваа работа не се бара од нас бидејќи тоа може да се направи во следните пет години откако ќе се отвори 17. поглавје, а тоа е поглавјето за економија и монетарна политика“,
рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
Тој порача дека ќе дојде ново парламентарно мнозинство кое ќе ги отвори сите спорни уредби и тогаш ќе се разговара за ова.
Вчера опозицијата реагираше и за уредбата со која се предвидува исплаќање на заостанатите плати на службениците кои останаа да работат во СЈО и за плаќање на комуналните трошоци.
*Поврзани вести:
ВМРО-ДПМНЕ: Со уредба ќе им се исплатат средства на вработените во СЈО
Влада: Подобро сега отколку по судски пат со камати да ги платиме трошоците за СЈО