Министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук објави дека и неговиот тест за ковид -19 е негативен.
„Штотуку ме информираа дека мојот резултат на тестирањето за ковид-19 е негативен. Иако според проценката на епидемиолозите јас не бев во ризик, сепак одлучив да останам во самоизолација. Негативниот резултат го добивам на осмиот ден од самоизолацијата во која останувам до истекот на инкубациониот период од 14 дена“,
објави Филипче.
Тој ги повика граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките, да се прилагодат на промените, бидејќна тој начин многу побрзо ќе ја надминеме оваа состојба.
Филипче од пред 8 дена е во самоизлоација откако за едно со премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот за образование Арбер Адеми присуствуваа на седница на општинскиот кризен штаб во Куманово, на кој беше тамошниот градоначалнк Максим Димитриевски кој пак објави дека е позитивен на коронавирус.
Спасовски, Османи и Адеми исто така денеска ги добија резултатите од тестирањето и соопштија дека се негативни.
И Димитриевски вечерва објави дека вчера се тестирал во повеќе релевантни лаборатории при што резултатите му се негативни и побара да му се укине самоизолацијата.