Основниот суд Скопје 1 Скопје доцна вечерва соопшти дека е определена мерка притвор за вкупно 8 од 10 лица кои беа изведени пред судија на претходна постапка по барање на Обвинителството за борба против организиран криминал кое ги сомничи за злоупотреби со продажба на државно земјиште.
Според иницијалите и пишувањата на повеќе медиуми, меѓу лицата за кои е определена мерката притвор се поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, правобранителката Емилија Радојкова, бизнисменот Марјан Јованов, членот на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и бизнис-партнер на Христијан Мицковски, Димитар Димовски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митревски.
Повеќе детали за случајот и развојот на настаните во текот на денот можете да прочитате ТУКА и ТУКА.