Полицијата во Тетово поднесе кривични пријави против три лица бидејќи пред два месеца физички нападнале инспектори при акција за заплена на тутун и цигари.
„СВР Тетово поднесе кривични пријави против A.С.(40) од тетовското село Горно Палчиште, Н.М.(55) од село Селце, Tетовско, и Б.З. (60) од Тетово, осомничени за сторено кривично дело спречување службено лице во вршење службено дејствие“,
се вели во соопштението на СВР Тетово.
Настанот се случил покрај главната улица на Зелениот пазар. Според полицијата, тројцата тетовци ги нападнале инспекторите и им ја одзеле запленетата стока.
„Откако дел од запленетата стока ја внеле во нивните службени возила, започнале да се собираат пазарџии и продавачи, меѓу кои и тројцата пријавени лица кои ги спречувале во извршувањето на нивната акција, упатиле закани и навреди со цел да им ја одземат запленетата стока, а потоа, со употреба на физичка сила, ги блокирале службениците и нивните службени возила. Притоа, третопријавениот физички ја нападнал оштетената М.П.Г., додека прво и второпријавениот насилно ја одзеле целокупната запленета стока од службените возила на Државниот пазарен инспекторат“,
се појаснува во соопштението од МВР.