Кривични пријави за непочитување на здравствени прописи ќе бидат изречени за организирањето на семејната прослава потошно свадба во село Арачиново на која присуствувале 200 лица.
Како што информира Министерството за внатрешни работи полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус, во угостителски објект во с.Арачиново.
„Во објектот се одржувала семејна веселба (свадба), на која биле затекнати 200 лица. Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи поднесени се соодветни поднесоци за непочитување на одлуките од Владата во врска со ковид-19“,
информира полицијата.