Министерството за внатрешни работи и Пазарната инспекција синоќа во угостителски објект во скопското село Арачиново затекнале околу 200 лица кои присуствувале на свадба.
Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираа дека акцијата е спроведена околу 21 часот и дека ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Свадбите, како и останатите собири сè уште се збранети поради ширењето на коронавирусот. Според последните пдоатоци од Министерството за здравство, во моментов вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25 473, бројката на оздравени пациенти е 18 047, на починати е 874, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6 552.