Во последните 24 часа во земјава починале тројца пациенти со ковид-19. Сите битката со вирусот ја загубиле во болнички услови.
Станува збор за лица од Охрид (73 г.), Гостивар (62 г.) и Радовиш (72 г.)
Вкупниот број на смртни случаи од ковид-19 во земјава изнесува 775.
Во денешниот извештај на Министерството за здравство има и 106 излекувани пациенти од: Скопје-35, Куманово-12, Дебар-2, Штип-3, Прилеп-16, Тетово-6, Струга-3, Велес-4, Битола-4, Охрид-4, Кавадарци-1, Гостивар-1, Гевгелија-1, Струмица-4, Крива Паланка-3, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Свети Николе-2, Кичево-1, Ресен-1.
Денеска, како што информиравме, се регистрирани и рекорден број на нови случаи – 364.