Со денешните 1 394 новорегистрирани случаи на ковид-19, вкупниот број на заболени од вирусот во земјава достигна 134 134 лица, од кои во моментов активни се 21 553. Од нив речиси половина, или 10 613 активни случаи се од Скопје, покажуваат статистиките на Министерството за здравство.
После Скопје, најмногу активно болни има во Прилеп 1 130 и Куманово со 1 047 случаи. Иста е состојбата и во Битола каде веќе трет ден по ред се откриваат по повеќе од 100 нови случаи на ковид-19, а во моментов има 981 активен случај.
Голем е бројот на активни случаи и во Охрид 876, Велес 818, Кавадарци 749 Гостивар 521, Штип 499 и Гевгелија каде има 415 активни случаи на ковид-19.
Троцифрен е бројот на активно болни и во Струмица 408, Неготино 393, Кочани 280, Струга 274, Кичево 228, Ресен 199, Радовиш 140, Берово 130, Свети Николе 129, Крушево 127, Крива Паланка 21, Делчево 104 и Пробиштип каде има 100 активни случаи.
Виница и Валандово имаат по 96 активни случаи, Демир Капија 88, Богданци 81, Дебар 63, Демир Хисар 44, Македонски Брод 43, Пехчево 37, Кратово 30, Македонска Каменица 18, а во Дојран има 12 активни случаи на ковид-19.
Од почетокот на пандемијата на ковид-19 досега од 134 134 заболени лица во земјава, битката со вирусот ја изгубија 3 905, додека 108 676 се водат како оздравени.