Во ковид-центрите во земјава сместени се 1 684 пациенти и во моментов има околу 230 празни кревети, покажува денешниот извештај за состојбата во болниците од Министерството за здравство.
Од хоспитализираните 685 се лекуваат во Скопје, а 999 во ковид-центрите во останатите градови.
Во изминатите 24 часа, само во Скопје се примени 103 нови пациенти, а пуштени се 86 излекувани.
Според денешниот извештај, на Инфективната клиника се хоспитализирани 153 пациенти, а во Градската општа болница „8 Септември 136.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 136 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти. Во моментов во ковид-центрите на интерните и на хируршките клиники се лекуваат 311 пациенти.
На Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти, на Институтот за физикална медицина и рехабилитација 26, на Клиниката за детски болести има 5 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на Клиниката за гинекологија има 9 позитивни пациентки.
Во ковид-центрите надвор од Скопје, пак, најмногу пациенти има во болниците во Прилеп 138, Битола 112 и во Охрид 110.
Во Велес се хоспитализирани 97, во Куманово 96, во Струмица 87, во Штип 86, во Кавадарци 79, во Тетово 46, во Гостивар 43, во Кочани 32, во Кичево 28, во Гевгелија 24, во Струга 19.