Според податоците објавени на Ворлдометерс, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 2 669 965 лица. Од нив починале 186 388, а оздравеле 731 012 луѓе.
Во моментов има 1 752 565 инфицирани пациенти во светот, од нив 97 проценти или 1 694 272 се со лесни симптоми и 58 293 се во тешка состојба.
Европа е континент каде има најголем број случаи на ковид-19, 1 189 109 луѓе, и 112 988 смртни случаи. Потоа следува Азија со 429 810 слчаи на заболени и 16 024 починати,.
*Поврзана вест
Кина шест дена не пријавила нови смртни случаи од ковид-19
Јужна Америка со 97 316 заразаени и 4 606 починати, Африка со 26 870 заразени и 1 247 починати и Австралија 8 213 вкупно заразени и 91 починати.
Светската здравствена организација предупреди дека африканскиот континент може да стане ново жариште на епидемијата, откако минатата недела бројот на заразените пораснал за 43 проценти.
Директорот на африканскиот Центар за контрола и превенција на болести Џон Нкенгасонг изјави дека Африка има многу ограничени можности за тестирање, како и дека очекува понатамошен пораст на бројот на заразени.
Тој предупреди дека вирусот би можел да убие повеќе од 300 000 луѓе во Африка, као и да турне во сиромаштија околу 30 милиони жители. Нкенгасонг смета дека Африка се уште има можност да го спречи ова сценарио, но оти тестирањето и следењето на контактите се од клучно значење.
На врвот на листата според бројот на дијагностицирани со новиот вирус и по бројот на починати се САД, со 851 586 заболени и 47 808 кои не ја преживеале болеста.
Следува Шпанија со 213 024 заразени и 22 157 починати, потоа Италија со 187 327 заразени и 25 085 починати лица.
Франција со 159 877 заразени лица и 21 340 починати е четврта на листата, по што следува Германија со 151 175 заболени од ковид-19 и 5 354 смртни случаи.
*Поврзана вест
Австралија забранува патувања уште четири месеци
Во меѓувреме британските власти објавија дека започнуваат голема научна студија, со која ќе бидат земени примероци од многу луѓе во земјата за да се утврди присуството на антитела на коронавирусот. Според Министерството за здравство, до 300 000 луѓе ќе учествуваат во програмата што ќе трае една година. Целта на студијата е да се утврдат вистинските бројки за ширењето на вирусот во Велика Британија.
*Поврзана вест