Кинеските здравствени власти шести ден по ред не пријавиле нов смртен случај од последици од ковид-19, покажува статистиката на „Ворлдометерс“.
Од 17 април бројката на починати е иста – 4 632.
Во изминатите 24 часа во Кина регистрирани се десет новозаболени од ковид-19, што е за 30 помалку од претходниот ден.
Во Кина досега регистрирани се 82 798 инфицирани лица со новиот коронавирус.
Кина изминатиот период беше цел на критики и сомнежи дека не го покажува вистинскиот број на мртви. Минатиот петок, пак, властите во градот Вухан, за дури 50 отсто (1 290 случаи) го зголеми бројот на жртви од ковид-19.
„Во раната фаза на појавата на вирусот, поради ограничениот болнички капацитет и недостатокот на медицински персонал, неколку здравствени институции не успеаја навреме да се поврзат со локалните системи за контрола и превенција на болеста, што резултираше со задоцнето пријавување на потврдените случаи и грешки при броењето пациенти“,
објаснуваа претставниците на Вухан.