Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, во писмена реакција по насилствата во и околу американскиот Конгрес, директно го посочи Доналд Трамп за виновник
„Нападот беше поттикнат од отровна политика која повеќе од четири години ширеше намерни дезинформации, сееше недоверба во нашиот систем и ги ставаше Американците едни против други. Кибритот го запалија Доналд Трамп и неговите најжестоки активирачи, вклучително и многумина во Конгресот, за да се поништат резултатите од изборите што ги загуби. Изборите беа слободни, пребројувањето беше фер, резултатот е конечен. Ние мора да го завршиме мирниот трансфер на власта со нашите уставни мандати. Отсекогаш верував дека Америка ја сочинуваат добри, пристојни луѓе. Сѐ уште верувам. Ако навистина сме такви, тогаш мора да го отфрлиме насилството, да свртиме страница и да продолжиме заедно – да го почитуваме нашиот Устав, да останеме посветени на владата на народот, од народот и за народот“,
се вели во писмата изјава на Клинтон.