Поранешниот американски претседател од редовите на Републиканската партија, Џорџ Буш, го осуди денешниот упад во Конгресот на група поддржувачи на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, кој исто така е републиканец.
Буш не го споменува Трамп по име, но јасно алудира и на актуелниот претседател и на раководството на партијата кога вели дека е згрозен од однесувањето на некои лидери. Денешните настани Буш ги нарекува „востание“.
„Вака се оспоруваат изборни резултати во банана републики – не во нашата демократска република. Згрозен сум од неодговорното однесување на некои политички лидери по завршувањето на изборите и од недостатокот на почит кон нашите институции, нашите традиции и нашите органи на редот. Насилниот напад на Конгресот го направија луѓе чии страсти се зовриени од лаги и лажни очекувања. ‘Востанието’ може да направи голема штета на нашата нација и репутација“,
соопшти, меѓу другото, Џорџ Буш.