Демократката во американскиот Претставнички дом, Илхан Омар, најави дека ќе достави предлог за отповикување на претседателот Доналд Трамп, 13 дена пред закажаната инаугурација на избраниот претседател Џо Бајден.
„Не можеме да дозволиме да остане на функција, мораме да ја зачувуваме на нашата Република и да ја исполниме нашата заклетва“,
напиша Омар на Твитер.
Директорот на големата американска бизнис-група Џеј Тимонс, во која членуваат 14 000 компании, меѓу кои и Ексон мобјал, Фајзер, Тојота мотор корпорејшн, упати апел властите да ја разгледаат можноста за смена на Трамп откако неговите приврзаници вчера упаднаа во Конгресот.
Тој наведе дека Трамп поттикнувал насилство во обид да остане на власт и секој лидер кој го брани, ја крши заклетвата за почитување на Уставот и ја отфрла демократијата поради анархија.
„Потпретседателот Мајк Пенс треба да ја разгледа можноста за покренување на 25. амандман поради зачувување на демократијата“,
посочи Тимонс.
Дваесет и петтиот амандман предвидува претседателските овластувања да се пренесат на потпретседателот ако неговиот кабинет заклучи дека претседателот поради физички или ментални причини не е во состојба да ја извршува својата работа. За тоа да се случи, неопходно е потпретседателот и мнозинството да го прогласат претседателот за неспособен за извршување на функцијата. Во случај претседателот да ги отфрли таквите тврдења, тогаш неопходно е две третини од Претставничкиот дом и од Сенатот да гласаат за поставување на потпретседателот за претседател.