Портпаролката на Министерството за здравство, Асел Артакшинова, изјави дека во болниците се сместени над 2 600 лица, од кои 67 се наоѓаат во тешка состојба
Во насилните протести во Казахстан, кои најпрво започнаа како миррен бунт против зголемувањето на цените на горивата, за неколку дена животот го загубија 225 лица, соопштија денеска казахстанските власти, што е драматично зголемување на жртвите во споредба со претходните официјални бројки.
„За време на вонредната состојба, во мртовечница беа однесени телата на 225 лица, од кои 19 се припадници на полицијата и војската“, Останатите се тела на вооружени разбојници, кои учествуваа во терористички напади“,
изјави денеска на пресконференција Серик Шалабаев, човекот кој ја предводи кривична истрага во обвинителството.
Казахстан претходно соопшти за помалку од 50 загинати, меѓу кои 26 демонстранти и 18 припадници на безбедносните сили.
Портпаролката на Министерството за здравство, Асел Артакшинова, изјави дека во болниците се сместени над 2 600 лица, од кои 67 се наоѓаат во тешка состојба.
Казахстанските власти за насилството во неколкуте града низ земјата ги обвинија „бандите и меѓународните терористи“, за кои велат дека ги украле протестите.
Мировните сили испратени од Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ), кои интервенираа, од пред два дена почнаа постепено да се повлекуваат од земјата.