Инаку, на 17 октомври годинава Апелацискиот суд Скопје соопшти дека донел со кое ја укина првостепената пресуда и го врати предметот на повторно судење во Основниот кривичен суд Скопје. Според соопштението, Апелацискиот суд одлуката ја донел на 6 септември, истиот ден кога Собранието ги изгласа контроверзните измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат казните за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување и се воведува горна граница
На првата главна расправа во Основниот кривичен Скопје за случајот „Топлик“, откако Апелација го врати предметот на повторно судење, јавниот обвинител се откажа од понатамошно гонење на обвинетите поради импликациите од неодамнешните контроверзни измени на Кривичниот законик.

Предметот „Топлик“ се однесува на продажба на градежно земјиште за изградба на резиденцијалната населба Сончев Град во Сопиште, а во кој првообвинет беше ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Како што соопштија денеска од скопскиот Кривичен суд, јавниот обвинител на денешното рочиште извршил преквалификација на кривичното дело кое им се ставаше на товар на обвинетите од ставот 5 од членот 353 од Кривичниот законик во став 4 од истиот член.
Инаку, членот 353 со измените на Кривичниот законик доживеа суштински измени, беа намалени и предвидените казни, воведена е горна границ, а дел од ставовите беа избрашани.
Таква судбина доживеа токму ставот 5 кој се однесуваше на злоупотреба на службената положба и овластување кој отпадна во измениот Закон, а по кој се гонеа обвинетите во случајот „Топлик“.
По направената преквалификацијата на делото јавниот обвинител се откажал од понатамошно гонење на обвинетите заради настапена застареност.
„Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја слeдат работата на судот, ја информираме јавноста дека на денешната прва главна расправа за предметот со КОК бр.161/23, од обвинителството означен како ’Топлик’, по неговото враќање на повторно судење од Второстепениот суд, јавниот обвинител изврши преквалификација на кривичното дело кое им се става на товар на обвинетите: М.Ј., Т.Ѓ., Д.Д., М.Т., Д.Г. и В.Т. од член 353 став 5 во член 353 став 4, а во правец на измените на Кривичниот законик.
Врз основа на тоа Јавниот обвинител се откажа од понатамошно гонење на обвинетите заради настапена застареност во смисла на член 352 од Законот за кривична постапка, за што судот по писмено изготување на соодветни решенија, истите ќе ги достави до странките“,
се наведува во соопштението на Основниот кривичен суд Скопје.
Инаку, на 17 октомври годинава Апелацискиот суд Скопје соопшти дека донел одлука со која ги уважил жалбите на Јанакиески и на уште петмина други обвинети во случајот и ја укинал првостепената пресуда.
Според соопштението, Апелацискиот суд одлуката ја донел на 6 септември, истиот ден кога Собранието ги изгласа контроверзните измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат казните за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување и се воведува горна граница.
Предметот „Топлик“ се однесува на продажбата на градежно земјиште за изградба на резиденцијалната населба Сончев Град во Сопиште.
Првостепената пресуда Основниот кривичен суд Скопје ја донесе на 5 април 2022 година, со која на Јанакиески му изрече казна затвор од три години и шест месеци. Томе Ѓурчиловски, кој бил претседател на Комисијата за јавни наддавања во Министерството за транспорт и врски доби затворска казна во траење од 3 години затвор. На другите четворица (Димитар Димовски, Марица Тасева, Димитар Гаќев и Веса Томчевска), пак, судот им одреди условни казни затвор од две години кои нема да се извршат ако во рок од пет години не сторат ново кривично дело.
Инаку, „Топлик“ беше дел од листата на предмети што ја објави невладината Коалиција „Сите за правично судење“ за кои ќе настапи застареност по измените на Кривичниот законик.
Според обвинението, делото злоупотреба на службената положба и овластување за кое се товареа Јанакиески и останатите обвинети е сторено од 3 април 2007 до 18 февруари 2013 што значи дека апсолутна застареност според пресметките настапила во февруари 2023 година.
Јанакиески во моментов издржува затворска казна од три години шест месеци за случајот „Титаник“. Тој во јули годинава од куѓен притвор беше спроведен во затвор откако призна вина за речиси сите дела поврзани со изборни нерегуларности во случајот „Титаник, освен за делото злоупотреба на средствата за финансирање изборна кампања, но подоцна обвинителството се откажа од прогон за ова дело.