„Каква реформа бараат овие луѓе? Пак ќе кажам, јас сум спремен да се сретнам со кој било и да дебатирам на која било тема. Јас знам дека секоја дискусија тие ќе ја загубат, затоа што намерите не им се искрени и чесни. Не може пратеник којшто е избран, Славјанка Петровска, на која СДСМ ѝ дал мандат, на денот на поставување пратенички прашања, наместо да биде во Собранието и да ја прашува власта, да оди таму на дебати и да се расправа за партијата којашто ѝ дала доверба да биде пратеник.Тоа се нелогичности и оттука произлегува нивната нечесна намера“, изјави денеска лидерот на СДСМ
Лидерот на СДСМ рече дека луѓето кои што сега бараат одговорност од него се оние кои учестувале во пишувањето на програмата на СДСМ за изборите во 2024 г., кога партијата го доживеа најголемиот пораз на парламентарни избори
Тоа е платформа која е новиот ЗНАМ, чии членови сакаат со пуч да ја преземат партијата. Ова го изјави лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) кој во изјава за медиумите денеска рече оти во изминатиот период се видел, поединечно, со луѓето, кои ја сочинуваат демократската платформа, која бара реформи во партијата и смена на раководството, наведувајќи дека станува збор за луѓе кои биле на многу високи партиски функции и молчеле кога се формирал ЗНАМ на Максим Димитриевски.

„Сега сакаат со пуч да ја преземат партијата“,
додаде Филипче, говорејќи во тој контекст.
Тој порача декла партијата всо која раководи има демократски институции, и дека овое членови кои сега се собираат, во кафеани, ресторани и хотели, можеле да се кандидираат за раководни позиции во СДСМ.
„Како тоа сега сакаат да ја преземат партијата, и тоа од кафеана, од ресторан или од хотел? Како мислат дека може така да влетаат и нешто да им припадне понатаму? Како тоа, на денот кога ние објавуваме еден од најголемите скандали за власта, а тоа е дека има компанија којашто финансира лобирање за премиерот, и кога објавуваме еден од најголемите скандали – дека ќе се отворат пет нови рудници, нешто за што огромно мнозинство од граѓаните се против – тие излегуваат и го прават тоа?“,
рече Филипче.
Тој додаде, и дека нема друг начин да се објасни тоа што еден од луѓето кои се дел од платформата добил тендер од 1,6 милиони евра од државата.
Претседателот на СДСМ во форма на прашање упати порака до членовите и поранешни и актуечни високи функционери на партијата, какви реформи бараат, кога, како што кажа, партијата е единствената која силно, отворено, транспаретно и со податоци се бори против власта на премиерот Христијан Мицкоски, која, вели Филипче води арамиски, антинационална и антимакедонска политика на изолација, корупција и уназадување на општеството, не само на државата.
Според него намерите на опваа група членови на СДСМ намерите не им се чесни, а во тој контекст ја спомена актуелната пратеничка и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска и нејзиното отсуство од вчерашната собраниска седница за пратенички прашања поради брифингот на демократската платформа.
„Каква реформа бараат овие луѓе? Пак ќе кажам, јас сум спремен да се сретнам со кој било и да дебатирам на која било тема. Јас знам дека секоја дискусија тие ќе ја загубат, затоа што намерите не им се искрени и чесни. Не може пратеник којшто е избран, Славјанка Петровска, на која СДСМ ѝ дал мандат, на денот на поставување пратенички прашања, наместо да биде во Собранието и да ја прашува власта, да оди таму на дебати и да се расправа за партијата којашто ѝ дала доверба да биде пратеник.Тоа се нелогичности и оттука произлегува нивната нечесна намера. Тоа е нов ЗНАМ. Втора варијанта, затоа што овој сега пропадна. Но, јас тоа нема да го дозволам“,
кажа Филипче.

Фото: „360 степени“
Прашан дали би седнал на маса на утрешната средба на платформата во 12:05 часот, на која се очекува да дефинираат кокренти чекори во насока на нивната цел за окрупнување на опозицијата, Филипче рече дека тој има голем демократски капацитет и сака да дебатира, но тоа треба биде во просториите на партијата, а не во хотели и ресторани.
„Да, апсолутно сакам да слушнам што имаат да кажат, да аргументираат. Вратите во партијата се отворени, а ваквите хотелски и ресторански средби нека ги остават за друга намена“,
кажа Филипче.
На констатација на новинарката дека тоа значи оти не планира да се повлече, како што бараат од демократската полатформа, Филипче кажа оти има мандат од четири години, кој го добил легитимно со гласови од над 10 000 членови на партијата.
Лидерот на СДСМ, надоврзувајќи се во одговорот, рече дека луѓето кои што сега бараат одговорност од него се оние кои учестувале во пишувањето на програмата на СДСМ за изборите во 2024 г., кога партијата го доживеа најголемиот пораз на парламентарни избори.
„Игор Ивановски со таа програма доживеа дебакл. Андреј Петров, којшто беше член на Извршниот одбор, на Извршниот одбор на партијата пред којшто Бујар Османи го презентирал францускиот предлог, и тогаш тој немал забелешка за францускиот предлог. Па сега има забелешка за мене и за моите ставови, затоа што ние зборуваме за Европа. Никола Ќуркчиев“,
рече Филипче.
За Емилијан Станковиќ, кој вчера беше на брифингот, Филипче рече дека е небитен.
Прашан за ставот на претставниците на платформата дека опозицијата повторно ќе биде поразена на следните избори Филипче, одговори со контрапрашање – како тие знаат како ќе биде со партијата сега, во овој момент, кога рејтингот на ВМРО паѓа, а нашиот почнува да расте?
Тој повторно обвини дека демократската платформа е финансирана од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со цел да ја фрагментира опозицијата за тој да може да продолжи да владее слободно.
„И сега, кога ние зајакнуваме, кога расте бројот на луѓе што се приклучуваат, не само партиски членови, туку и луѓе надвор од партијата, сега тие вака нè фрагментираат“,
додаде претседателот на СДСМ.
Тој порача дека ваквите планови нема да поминат, бидејќи не станува збор само за СДСМ, туку станува збор за државата.
