Инцидентот се случил во тоалет во основно училиште на подрачјето на Бит-пазар во Скопје, а во полиција го пријавила мајката на детето
Момче на 14-годишна возраст вчера било нападнато со нож од свој соученик.

Инцидентот се случил во тоалет во основно училиште на подрачјето на Бит-пазар во Скопје, а во полиција го пријавила мајката на детето.
„Во СВР Скопје вчера во 13:00 часот, Ф.А. (43) од Скопје пријавила дека околу 09:00 часот во тоалет во основно училиште на подрачјето на Бит-пазар, нејзиниот 14-годишен син со остар предмет бил нападнат од негов соученик, нанесувајќи му исеченица во пределот на раката“,
соопштија од МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
