Пожарот што попладнево избувна во село Кучково е цело изгаснат, информира градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски.
„Благодарност на брзата интервенција на пожарната, огнената стихија брзо беше ставена под контрола. За среќа, нема повредени, ниту предизвикана материјална штета“,
вели Наумовски.
На лице место интервенирале пожарникарите, вработените во општинските служби, локалното население и приватни фирми.
„Зачестеноста на пожарите на топлото време е евидентна. Апелирам да се почитува забраната за движење во шумските предели и да бидеме сите исклучително внимателни“,
вели Наумовски.
Состојбата со поажрите се менува од час во час, а во моментов има околу 18 активни пожари.