Предмалку до Центарот за управување со кризи имало пријава за пожар во Дебрца, Охридско. На лице место интервенираат од Шумското стопанство и противпожарни единици од Дебар и Охрид
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, информираше и за нов пожар во Светиниколското село Богословец каде се изгорени и четири куќи, но за среќа нема повредени и жртви
Околу 18 пожари се активни во моментов на територијата на земјава, но ситуацијата се менува од минута во минута и за неполн час се пријавени седум нови пожари.
Како што информираат од Центарот за управување со кризи на прес-конференцијата во 17 часот, причина за ваквата алармантна ситуација се високите температури и силниот ветер кој го отежнува гасењето. На терен во моментов се 300 војници на Армијата, пожарникарските екипи и се користат сите други материјални ресурси.
Марија Милкова, помошник раководител на Секторот за операции и координација при Центарот за управување со кризи рече дека во моментот најризично е во делкчевско-пехчевскиот регион каде се зафатени неколку маала во селото Нов Истевник, Делчевско, каде има зафатено три куќи и при плевни.
„Во делчевскиот регион во текот на денот интервенираа и четири хеликоптери, има 200 војници ангажирани, ресурни од јавните комунални претпријатија, противпожарните бригади, помошта од Бугарија. Во Пехчевскиот дел пожарот е уште активен, загрозени се селата Робово, Умлено и Чифлик. Патот е затворен. Таму се и силите од Словенија, кои се распоредени и во атарот на селата Ценик и Негрево кои исто така се загрозени. Во моментов на терен дејствуваат три хеликоптери од Србија кои дојдоа на помош“,
информираше Милкова.
Освен во пехчевско-делчевскиот регион, аларматна е состојбата и во кумановскиот регион каде неколку дена се активни пожарите. Во овој момент на осум нови локации од претходните кои беа локализирани, има нови пожари. Тоа се селата: Зубовце, Сопот, Нагоричане, Забрњак, Лојане, Орашаци, Долно Доверези и други.
„Таму се загрозени исто така куќи и други придружни објекти. На терен се и 80 војници од Армијата, освен пожарникарите. Алармантна е состојбата и во прилепскиот регион. Таму имаме повеќе пожари во моментов, распоредени се сили од локалното население, локалната самоуправа, противпожарните бригади. Сакам да потенцирам дека алармантна е состојба и во Скопје. Најкритични се село Кучково кон селото Горно Свиларе. Исто така, помеѓу Добри Дол и село Ракотинци, тоа е во Сопиште. Исто така, во Горно Блаце имаме пожар. Овие три локации се навистина алармантни“,
вели Милкова.
Предмалку до Центарот за управување со кризи имало пријава за пожар во Дебрца, Охридско. На лице место интервенираат од Шумското стопанство и противпожарни единици од Дебар и Охрид.
„Не можеме да кажеме колку е точната бројка на пожари, од минута во минута бројот се зголемува. Ако едни се локализираат други избувнуваат“,
вели Милкова.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, информираше и за нов пожар во Светиниколското село Богословец каде се изгорени и четири куќи, но за среќа нема повредени и жртви.
„Тоа е нов пожар за кој сега во овој момент ни јавија“,
рече Ангелов.
Според Горан Стојановски од ЦУК, за 20 до 30 минути, со едно јавување, се обезбедува помош по барање на противпожарна единица или општина. Но, се дејствува по приоритети при што клучни се човечките животи и објектите, а нивите и нискостеблестите шуми се во втор план.
„Отсега определуваме приоритети. Очекуваме дополнително засилување на ветерот и отежнувачки околности во справувањето со пожарите, но не губиме надеж, остануваме на терен со сите расположливи сили. Можеме дополнително да обезбедиме уште 500 војници. Материјалните ресурси се максимално ангажирани“,
рече Стојановски.