„`За Евро консталтинг` ако прашувате, `Евроконсалтинг` и `Eлектро солушн` се нашата локална поддршка, кога го склучивме договор и според информациите што ги имавме тогаш и сега, тој човек за кој претходно се разговараше (Бранислав Димитријевиќ н.з.) не е вклучен во сопственичката структура кога ние го склучивме договорот за конзорциум кога ја поднесувавме понудата“, изјави денеска управителот на поддружницата на „ИРД инженеринг“ во земјава, Спировски одговарајќи на новинарски прашања по свеченoста по повод потпишувањето на договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на Kоридорите 8 и 10-Д
Според брзата проверка која „360 степени“ ја направи во податоците во Централниот регистар, Димитријевиќ никогаш не бил исклучен од сопственичката структрура на фирмата „Евро консалтинг“
Дарко Спировски, управител на поддружницата на италијанската фирма ИРД во Македонија, која го предводи конзорциумот „ИРД инженеринг“ што ќе врши надзор на изведбата на коридорите 8 и 10-Д вели дека според информациите што ги имале тогаш и сега, Бранислав Димитријевиќ, не бил вклучен во соопственичката структура на фирмата „Евро консталтинг“ кога го склучувале договорот за конзорциум со неа.

„`За Евро консталтинг` ако прашувате, `Евро консалтинг` и `Eлектро солушн` се нашата локална поддршка, кога го склучивме договор и според информациите што ги имавме тогаш и сега, тој човек за кој претходно се разговараше (Бранислав Димитриевиќ н.з.) не е вклучен во сопственичката структура кога ние го склучивме договорот за конзорциум кога ја поднесувавме понудата“,
изјави денеска Споровски одговарајќи на новинарски прашања по свеченста по повод потпишувањето на договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на двата коридора.
Меѓутоа, според брзата проверка која „360 степени“ ја направи во податоците во Централниот регистар, Димитријевиќ никогаш не бил исклучен од сопственичката структрура на фирмата „Евро консалтинг“.
Името на Бранислав Димитријевиќ во истражувањето што го објави „Призма“, а на кое потоа се надоврзаа и други медиуми, се поврзува со две фирми кои се дел од конзорциумот на ИРД – домашната „Евро консалтинг“ и шпанската „Ептиса“.
За него во истражувањето се наведува дека е еден од сопствениците на „Евро консалтинг“, а во Ерменија, пак, работел за фирмата „Ептиса“. Сега, како што објави „Призма“, тој е под истрага на ерменското обвинителство за „развојот и спроведувањето на проектот патен коридор Север – југ во периодот од 2009 до 2018 година“.
Дел од конзорциумот во кој се овие две фирми заедно со ИРД е уште една домашна компанија – „Електра солушн“ во сопственост на Андон Ампов.
На прашањето до претставникот на ИРД зошто во конзорциумот се ангажирани домашни фирми кога велат дека имаат искуство од 20 години работа во Македонија, тој рече дека постојат аспекти од надзорот на изградбата на кои мора да работат локални фирми.
„Треба да имаме локална поддршка… Еве на пример, за клучниот експерт кој е во тендерската постапка како шеф на надзорот се бара 15 години интернационално искуство и 20 години генерално искуство. Ние како ИРД го носиме клучниот персонал, имаме 11 клучни позиции, меѓутоа има инспектори на траса кои треба да ги проверат количините и квалитетот. Тие не можеме да ги донесеме од цел свет, мора да работат локални фирми. Овие 80 луѓе, се луѓе кои живеат во Македонија, работат и ќе престојуваат во Битола, Прилеп, Тетово, Гостивар во камп на градилиште, ќе ги мерат количините и ќе го проверуваат квалитетот. Не е логично сите да бидат странци, мора да имаме локални фирми, затоа овие 80 се локални луѓе кои се инспектори на градилиште, клучниот персонал е меѓународен со големо искуство и ние го носиме – 4 клучни надзори, пет други клучни од кои едниот со варијации, како члемови имаме директор на проектот и шеф на лабораторија“,
рече Спировски.
Договорите поврзани со надзорот на изградбата на овие автопатишта деновиве се една од најактуелните теми во јавноста.
На пишувањата во истражувањето завчера со реакција се јавија од „Ептиса“ насловена „Официјален демант“ во која само генерално ги осудија „невистинитите, неточните и навредливите информации“, без притоа конкретно да кажат што е невистинито во новинарското истражување и медиумските објави што следуваа потоа.
Вчера следеше уште една реакција од истата фирма во која го демантираа ерменското обвинителството потенцирајќи дека Димитријевиќ никогаш не бил ангажиран или вработен во „Ептиса“.
На оваа тема вчера во гостување на ТВ 24, а во предвечерјето на потпишувањето на договорот со „Бехтел и Енка“, зборуваше првиот вицепремиер, Артан Груби кој на прашањето дали зад „Евро консалтинг“ стои синот на Бранислав Димитријевиќ, Груби врати со контрапрашање што има синот со таткото. Зарем не е легитимно тој да си води фирма, додаде првиот вицепремиер.
„Жалам што сакаат да стават дамка на еден ваков огромен проект“,
рече Груби додавајќи дека оваа фирма е лабораторија и не прави надзор туку ќе ги проверува податоците.
Денеска, како што беше најавено, Владата го потпиша договорот за изградба на автопатиштата од коридорите 8 и 10-д со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.
Чинот на потпишување се случи во свечената седница во владината зградата, каде што свои обраќања имаа премиерот Димитар Ковачевски, првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и претставникот на „Бехтен и Енка“, Марк Алисон.
На потпишувањето присуствуваа амбасадорите на САД и Турција во земјава, Анџела Агелер и Хасан Мехемед Секизкок.
Претставниците на Владата денешниот ден го оценија како историски бидејќи е најголемиот инфраструктурен проект во историјата на земјава.
„Потпишуваме еден од најзначајните договори во историјата на нашата држава. Стартуваме со реализација на еден од најважните и најголемите инфраструктурни проекти во земјата. Овој историски проект значи реализација на една голема стратегиска определба. Инвестициите во патната инфраструктура се еден од главните приоритети на Владата на што ставаме посебен фокус затоа што развиваме инфраструктура што значи развој на економијата“,
рече премиерот Ковачевски.