Министерството за внатрешни работи идентификувало 18 лица, кои за време на полицискиот час за Велигден, играа оро на улица во Гевгелија.
Досега сослушани биле осум лица, а на останатите им се испратени покани за разговор во полициска станица.
„По целосно документирање на настанот против сите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни казнени пријави, а целокупната постапка е во координација со надлежен обвинител при ОЈО Гевгелија“,
велат од МВР.
Инаку, за случајот се дозна откако на социјалните мрежи се прошири снимка од велигденското оро за време на полицискиот час.