Нови дојави за бомби денеска се испратени до неколку основни училишта во Скопје.
Според нашите информации, меѓу школите во кои стигнале дојави се „Димитар Миладинов“, „Ј.Х. Песталоци“ и Коле Неделковски“ во Центар, „Ацо Шопов“ во Бутел, „Кузман Јосифовски Питу“ во Кисела Вода и „Гоце Делчев“ во Аеродром.
Во дел од училиштата, децата се веќе евакуирани и пуштени дома.
Наскоро се очекува и потврда од МВР во колку училишта и дали има информации и за други објекти каде што денеска се пристигнати дојави за бомби.
ОБНОВЕНО:
Од МВР потврдија дека дојави за бомби денеска се регистрирани во 33 основни школи во Скопје и во тек се антитерористичките проверки.
Од почетокот на годинава, ова е вторпат да има закани со бомби откако првите дојави беа пријавени кај надлежните минатиот петок (3 февруари).