Дојави за бомби денеска пристигнаа на електронските адреси на неколку средни училишта во Скопје. Според информациите од терен, закани за бомби пристигнале на електронските адреси на гимназиите „Владо Тасевски“, „Корчагин“, „Јосип Броз Тито“ и други
Министерството за внатрешни работи информира дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од десет училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа и е утврдено дека станува збор за лажни пријави.
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и е утврдено дека станува збор за лажни пријави“,
соопшти МВР.
Како што претходно објавивме, дојави за бомби денеска пристигнаа на електронските адреси на неколку средни училишта во Скопје. Според информациите од терен, закани за бомби пристигнале на електронските адреси на гимназиите „Владо Тасевски“, „Корчагин“, „Јосип Броз Тито“ и други.