Повеќе потреси регистрирала хрватската Сеизмолошка служба во текот на ноќта, од кои најсилниот бил со јачина од 3,7 степени по Рихтер, регистриран во 4 часот и 43 минути со епицентар кај Петриња.
#potres (#earthquake) 31.12. u 04:43 kod Petrinje, M3.7. Opširnije na https://t.co/x4DeIKnp7l. Ako ste osjetili potres, molimo javite na https://t.co/RJDaIJlwpM
— Seizmološka služba HR (@seizmo_hr) December 31, 2020
За разлика од вчера утрото кога беа регистрирани земјотреси со интензитет од 4, 7 и 4, 8 степени според Рихтеровата скала, потресите регистрирани вчеравечер се послаби.
По катастрофалниот земјотрес од пред два дена од 6,3 степени по Рихтер, голем број жителите и синоќа останаа под отворено небо.
„Повремено седиме во автомобилите. Со мене се мојот внук и една сосетка која живее сама. Тука сме и чекаме да ни обезбедат привремено сместување, куќата ни е урната. Се надеваме на помошта на добрите луѓе“,
велат жители од погодените подрачја за телевизијата Н1.
За привремено сместување на жителите кои во земјотресот ги изгубија нивните домови, утрово во Глина пристигнаа и првите мобилни куќи.
U Glinu stižu prve kućice koje šalje Ministarstvo turizma. pic.twitter.com/ik6tvW4inY
— TV N1 Zagreb (@N1infoZG) December 31, 2020
Тие се обезбедени во координација на Министерството за туризам и спорт, невладиниот сектор и приватни донатори.
Од министерството се заблагодарија на сите донатори и апелираа да продолжи помошта со цел сите кои останаа без дом привремено да бидат згрижени.
Мобилните домови се наменети за сместување на четири лица, имаат по две соби, кујна и тоалет, информираат од министерството.