Централна Хрватска рано утрово беше погодена од два нови силни земјотреси повторно со епицентар во областа Петрињe. Земјотресите се со интензитет од 4, 7 и 4, 8 степени според Рихтеровата скала.
„Земјотресот во 6:15 часот беше со интензитет од 4,7 степени, а малку подоцна и нов од 4,8 степени со епицентар во областа Петриње“,
изјави Инес Иванчиќ, раководителка на сеизмолошката служба за Хрватското радио.
Иванчиќ прогнозира дека тлото во Хрватска и натаму ќе се тресе затоа што потресот во вторникот беше разорен и „по него со голема сигурност ќе следуваат низа потреси меѓу кои сосема сигурно ќе има и посилни“.
Раководителката на хрватската сеизмолошка служба рече дека помали потреси во Петриње се случуваат речиси на секоја минута. Со јачина од околу три степенин се случиле речиси 30.
Противпожарните служби што се на терен јавуваат дека по новите потреси паднале повеќе оџаци, а она што висело на погодените објекти сега е урнато.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави синоќа дека биле обезбедени речиси 16 милиони евра помош и изрази сочувство до семејствата на жртвите.
„По големиот земјотрес, во име на владата, сакам да изразам жалење и сочувство до сите што изгубија некого во земјотресот“,
рече премиерот по состанокот на владиниот кабинет, пренесува Индекс.хр.
Пленковиќ посочи дека се обезбедени 120 милиони куни помош, од кои 100 милиони за округот Сисак, 10 милиони за округот Загреб и додаде дека ова е само почеток.
„Исто така се согласивме каква помош ќе побараме од ЕУ, комесарот задолжен за такви ситуации доаѓа утре. Гледам дека има голем интерес за помош, ви благодарам на сите, но би рекол дека помошта се дистрибуира и дистрибуира правилно“,
рече Пленковиќ.
Тој додаде дека тоа се прави со помош на Црвениот крст, кој веќе отвори сметка за помош на областите погодени од земјотресот, а Владата денеска ќе донесе одлука за тоа.
Двата посилни земјотреси утрово следуваат откако вчера разорен земјотрес го погоди хрватскиот град Петриње. Земјотресот беше со јачина од 6,4 степени по Рихтер и однесе најмалку седум животи.